ПРВ.мк
Економија

Цената на нафтата експлодира

Цената на нафтата експлодира
Kristal

Нафтата денеска бележи значително зголемување на цената, тргувајќи се за над 65 долари за барел, поради одлуката на големите производители да го продолжат периодот на постепена нормализација на понудата речиси до крајот на годината.

На Лондонската берза, барел нафта се зголеми за 79 центи во споредба со вчерашните 65,32 долари, додека на Американската берза цената се покачи за 69 центи, достигнувајќи 61,57 долари за барел.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници одлучија во ноември да пласираат на пазарот дополнителни 137.000 барели нафта дневно, што влијаеше на глобалниот раст на цените.

Escape