ПРВ.мк
Црна Хроника

Притвор од 30 дена за синот кој ја уби мајката во Росоман

Притвор од 30 дена за синот кој ја уби мајката во Росоман
Kristal

Синот кој ја уби својата мајка во Росоман доби притвор од 30 дена, потврдија од кавадаречкиот суд откако Обвинителството предложи мерка.

Основното јавно обвинителство во Кавадарци соопшти дека против 27-годишникот е поведена истражна постапка за кривично дело – убиство, согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

Осомничениот, додека мајката спиела, со кујнски нож ја прободел во вратот, нанесејќи смртоносни повреди. Обвинителството појасни дека делото било извршено со умисла, во рамките на семејно насилство.

Јавниот обвинител достави предлог за притвор до судијата на претходна постапка, кој вечерва беше одобрен.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo