ПРВ.мк
Црна Хроника

Нови докази во случајот на Штекли - обвинителството откри мрачни детали!

Нови докази во случајот на Штекли - обвинителството откри мрачни детали!
Kristal

На денешното рочиште во судската постапка против нарко-групата на Раде Трајковски – Штекли, Обвинителството презентираше детални материјални докази за делувањето на организираната криминална група која тргувала со кокаин и марихуана.

Меѓу главните докази се:

  • Пронајдена дрога во возило: Под возачкото седиште на „опел“ со скопски регистарски ознаки била пронајдена цилиндрична кутија и кесичка со 31 грам кокаин, која вештачењето потврдило дека се работи за кокаин.
  • ДНК траги: На кесичките со дрога биле утврдени траги од крв, кои преку ДНК-профил се поврзуваат со еден од обвинетите.
  • Докази од претреси: Одземени се мобилни телефони, а се разгледуваат и листите на телефонска комуникација, кои ја покажуваат поврзаноста меѓу дел од обвинетите во реонот на Керамидница и Дебар Маало.
  • Марихуана скриена во презерватив: Пронајдени 16,5 грама марихуана, како и дополнителни 4,17 грама кокаин во возило „лексус“.
  • Комуникација преку апликации: Обвинителството презентира податоци за разговори преку „Снепчет“ и други заштитени апликации, кои ја покажуваат организацијата на мрежата.

Според Обвинителството, групата дејствувала од јануари 2024 до јануари 2025 година, со јасно поделени улоги: од набавка до продажба, а Раде Трајковски – Штекли се јавува како организатор и координатор, кој остварувал контакти со домашни и странски посредници и давал инструкции за проширување на мрежата.

Цените на дрогата биле:

  • Кокаин: 4.500 – 6.000 денари за грам
  • Марихуана: 200 – 300 денари за грам

На почетокот на процесот, Трајковски изјави дека не го разбира обвинението, а останатите обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Одбраната тврди дека нема докази за организирање на групата и за давање инструкции.

Обвинението првично опфаќа 16 лица, од кои дел веќе склучиле спогодби и добиле затворски казни, додека постапката за четворица обвинети е раздвоена по признавање на вината.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo