ПРВ.мк
Црна Хроника

„Монструозни обвиненија: Маж осомничен дека крадел кучиња и продавал нивно месо во ресторани!“

„Монструозни обвиненија: Маж осомничен дека крадел кучиња и продавал нивно месо во ресторани!“
Kristal

Маж од Русија е уапсен под сомнение дека крадел домашни миленици – кучиња – и дека ги колел, а потоа се обидувал нивното месо да го продаде во локални ресторани, пренесуваат руските медиуми.

Осомничениот, идентификуван како Сергеј П., се товари за сурово малтретирање животни и за кражба, дела за кои руското законодавство предвидува затворска казна до пет години.

Полицијата верува дека тој украл куче од регионот Новомосковск, го однел во ненаселена област и го убил. Иако истражителите се сомневаат дека планирал да го продаде месото на угостителски објекти, Сергеј целосно ги негира обвиненијата.

Во јавноста случајот предизвика големо внимание затоа што сопствениците на исчезнати миленици тврдат дека во последните шест години во околината мистериозно исчезнале повеќе од дваесет кучиња. Дел од нивните сопственици сомневаат дека токму Сергеј може да биде поврзан со нивното исчезнување, но за тоа засега нема конкретни докази.

Мештаните велат дека кучињата исчезнувале од дворови, улици и паркови, а подоцна биле пронаоѓани траги кои укажуваат на злоупотреба.

Поради сериозноста на сомневањата, случајот е ставен под директен надзор на московското обвинителство.

Истражителите продолжуваат да собираат докази за да утврдат дали станува збор за поединечен инцидент или за поширока и подолготрајна криминална активност.

Escape