ПРВ.мк
Црна Хроника

ХАОС И НАСИЛСТВО: Црна хроника во Македонија – насилство, напад со тврди предмети, бебиња разделени од мајки...

ХАОС И НАСИЛСТВО: Црна хроника во Македонија – насилство, напад со тврди предмети, бебиња разделени од мајки...

Изминатото деноноќие во Македонија помина во знакот на брутални пресметки и шокантни семејни драми. Полициските билтени се преплавени со пријави за физички напади, каде партнери, деца и зетови ги покажаа своите најмрачни лица.

Несекојдневен инцидент во општина Аеродром! Наместо семеен мир, 61-годишен скопјанец пријавил дека во сопствениот дом бил мета на координиран напад. Неговата партнерка К.П., заедно со нејзиниот син, физички го нападнале мажот, оставајќи го во шок и неверување.

Во Карпош, љубовната врска се претворила во вистинско бојно поле. Прво, 29-годишната С.Д. пријавила дека била тепана од својот партнер Е.Р. (35), но приказната добива неочекуван пресврт. Партнерот возвратил со пријава дека таа не само што го нападнала, туку користела и тврд предмет за да му нанесе повреди. Кој е жртва, а кој напаѓач – ќе утврдува полицијата.

Најпотресниот настан доаѓа од Делчево. Очаен татко пријавил дека неговиот зет, М.Б., брутално ја избркал неговата ќерка од заедничкиот дом. Но, ужасот не застанува тука – насилникот не ѝ дозволил на мајката да го земе сопственото бебе. Во случајот веднаш се вклучени Обвинителството и Центарот за социјални работи.

Раните утрински часови донесоа нова интервенција во срцето на Скопје. 18-годишниот О.В. заврши зад решетки откако неговата две години постара партнерка го пријавила за физички напад. Полицијата експресно го привела младиот насилник, кој сега го чека соодветна казна.

Најнови вести