ПРВ.мк
Балкан

(ВИДЕО) Израелски туристи брутално нападнати во Банско откако едно од нив почнал да пее на хебрејски!

(ВИДЕО) Израелски туристи брутално нападнати во Банско откако едно од нив почнал да пее на хебрејски!
Kristal

Група израелски туристи во саботата биле физички нападнати во зимскиот центар Банско, откако едно од нив испеало популарна песна на хебрејски јазик, објави „Факти“.

Инцидентот предизвика силни реакции на социјалните мрежи, каде што беше споделено и видео од пресметката.

Според објава на платформата „Икс“ од Даниел Амрам, која ја споделил и роднина на жртвите, конфликтот започнал откако туристот почнал да ја пее песната „Тел Авив а хабиби Тел Авив“. Непознат маж му пришол, започнал да му довикува навреди и го удрил со рамо во лицето.

— „Потоа еден од напаѓачите го удри татко ми директно во лицето со ски-чизма. Тој се обидуваше да ја смири ситуацијата и да нѐ раздвои,“ изјави член на семејството за медиумите.

Како резултат на силниот удар, повозрасниот маж бил хоспитализиран со сериозни фрактури на черепот и на синусите. Роднините го опишуваат нападот како целен, предизвикан единствено од тоа што се слушнал хебрејски јазик и се споменувал израелски град.

Семејството изразува разочараност од случувањата, потсетувајќи на историските заслуги на земјата во минатото.

— „Бугарија има горда историја на спасување на своите Евреи за време на Холокаустот, што ги прави овие напади особено болни,“ наведуваат жртвите во својата изјава.

ВИДЕО

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo