ПРВ.мк
Балкан

ВАЖНО ЗА СИТЕ ПАТНИЦИ: Голема промена на оваа граница - два премини од 1 мај имаат ново работно време!

ВАЖНО ЗА СИТЕ ПАТНИЦИ: Голема промена на оваа граница - два премини од 1 мај имаат ново работно време!

Граничните премини Bački Vinogradi – Ašothalom и Horgoš 2 – Röszke 2 од 1 мај ќе работат непрекинато 24 часа дневно, соопшти денес унгарската полиција.

Според најавата, преминот Horgoš 2 – Röszke 2 ќе започне со 24-часовно работење од 1 мај во 04:00 часот, додека преминот Bački Vinogradi – Ašothalom истиот ден ќе биде отворен од 07:00 часот и од тој момент ќе премине на целодневен режим на работа.

Од унгарската полиција истакнуваат дека оваа промена ќе го олесни движењето на патниците и ќе помогне во подобра распределба на сообраќајниот притисок, особено на поголемите гранични премини и главните транзитни правци.

Претходно, и српските надлежни служби соопштија дека во координација со унгарските гранични органи е усогласено продолжено работно време на овие премини. До крајот на април, преминот Horgoš 2 – Röszke 2 работи од 04:00 до 23:00 часот, додека Bački Vinogradi – Ašothalom има редовно работно време од 07:00 до 19:00 часот.

Најнови вести