На една од најпосетените плажи во Омиш, Хрватска, се случи сцена што предизвика голема реакција меѓу присутните. Туристка од странство одлучи да се сонча топлес, што предизвика остри реакции, особено од страна на родителите со мали деца.
Дел од посетителите сметале дека ваквото однесување е „непримерно“ и „недозволиво“ на јавна плажа каде има деца од различна возраст. Некои дури побарале интервенција од спасувачите. Една мајка изјавила: „Овде има деца од сите возрасти, ова е срамота“.
Сепак, имало и поумерени ставови. Една жена рече дека лично не би се сончала топлес, но го поддржува правото на избор, додека друг посетител сметал дека, иако можеби не е најпаметно кога има деца и постари луѓе, тоа не е толку страшно.

Интересна беше и реакцијата на други туристки. Една од нив, исто странка, изјавила дека иако е 21 век, не мисли дека топлес треба да стане општествено прифатливо, додека друга пак смета дека секој треба да се чувствува слободно на одмор.
Скопјанецот Бојан дал јасен коментар: „Апсолутно сум за. Луѓето треба да се чувствуваат слободно, особено кога се на одмор“.
Важно е да се напомене дека ваквото однесување не претставува законски прекршок. Според хрватскиот Закон за поморско добро, секој има право на слободен пристап до море и јавни плажи. Дури и ако плажата ја одржува приватен концесионер, тој нема надлежност да регулира дали некој ќе биде во костим за капење или топлес.
Во Омиш нема никакви рестрикции или казни за топлес сончање, за разлика од некои други градови во Хрватска, како Пула, каде повремено се воведуваат забрани за алкохол и топлес, со казни што можат да достигнат до 1.300 евра. Засега, ваквите правила не важат на јадранските плажи во Омиш.