ПРВ.мк
Балкан

ПАНИКА ВО ХРВАТСКА: Потврден антракс во Врлика – страв од ширење, воведени итни мерки

ПАНИКА ВО ХРВАТСКА: Потврден антракс во Врлика – страв од ширење, воведени итни мерки
Escape

Во хрватската општина Врлика е потврден случај на антракс, што предизвика тревога меѓу граѓаните и властите. На вонредна прес-конференција во Загреб беше објавено дека веднаш се преземаат заштитни мерки – задолжителна вакцинација на добитокот и примена на антибиотици кај сите лица кои биле во контакт со заразените животни.

Хрватските медиуми јавуваат дека месото од заболени животни е строго забрането за консумација.

Министерот за земјоделство, Давид Влајчиќ, соопшти дека досега се тестирани 13 примероци, од кои првиот позитивен случај на антракс бил откриен вчера, а уште три примероци се во обработка. Тој предупреди дека не може со сигурност да се каже дали сите угинати говеда биле заразени од антракс, па се продолжува и со токсиколошко испитување.

– Ситуацијата е сериозна, но нема место за паника. Вклучени се сите релевантни институции и мораме да останеме смирени. Обвиненија не помагаат во момент на ваква криза – истакна Влајчиќ.

Директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, изјави дека веднаш реагирале епидемиолозите, преземајќи ја целата неопходна контрола.

Антраксот, инаку, е болест што примарно се јавува кај животни, но може да се пренесе и на луѓето преку директен контакт. Иако не е многу заразна, потребна е брза и организирана реакција за спречување на ширењето.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo