ПРВ.мк
Балкан

МОРНИЧАВ НАСТАН: Патник брутално нападнал и силувал таксистка!

МОРНИЧАВ НАСТАН: Патник брутално нападнал и силувал таксистка!

Засега непознат маж, ноќта меѓу 31 март и 1 април, како што се сомнева, силувал девојка на подрачјето на Мерошина, пренесуваат српските медиуми.

Од Полициската управа во Ниш потврдиле дека случајот е пријавен и дека станува збор за напад по кој следувало силување, при што интензивно се работи на расчистување на настанот.

– За настанот е известено Вишото јавно обвинителство во Прокупље. Полицијата презема мерки и активности од своја надлежност за утврдување на фактите и околностите. Истрагата е во тек – соопштиле од полицијата.

Неофицијално, станува збор за таксистка која била нападната од патник кого го превезувала.