ПРВ.мк
Балкан

Синот на Аркан ќе отвори музеј полн со тајни и непознати спомени: „Вистината мора да излезе на виделина“

Синот на Аркан ќе отвори музеј полн со тајни и непознати спомени: „Вистината мора да излезе на виделина“
Escape

Војин Ражнатовиќ, синот на познатиот и контроверзен Жељко Ражнатовиќ – Аркан, ја откри својата амбициозна идеја да го отвори музејот посветен на својот татко, кој ќе ги покаже досега непознатите и лични моменти од неговиот живот. Проектот е планиран за 2026 година и ќе биде исклучително емотивен и вистински приказ на животот на Аркан.

Музејот ќе содржи досега необјавени фотографии, предмети од приватната колекција и сеќавања од луѓето кои биле блиски до Аркан, а кои досега не биле достапни за јавноста. Локацијата се уште не е дефинирана – Војин размислува дали тоа да биде во Србија или во САД, каде што живее и работи, но нагласува дека има силна поддршка од пријателите и соработниците на својот татко.

Покрај музејот, Војин ќе издаде и книга составена од педесет кратки приказни, базирани на неговите лични сеќавања и оние од луѓе од блискиот круг на Аркан. Книгата нема да биде обична биографија, туку искрен и длабок портрет на животот полн со бурни случувања и предизвици.

„Оваа книга ја должам на мојот татко. Не сакам сензационализам, туку вистина и правда,“ истакна Војин, нагласувајќи дека е спремен да се соочи со сите реакции што ќе произлезат од објавувањето на неговите проекти.

Овој музеј и книга ветуваат да донесат нов поглед кон една од најконтроверзните и највлијателни личности во современата историја на Балканот, откривајќи нешта што досега беа скриени од јавноста.

Mia Home Mavrovo