ПРВ.мк
Балкан

СТРАШНА НЕСРЕЌА ПОМЕЃУ ШЛЕПЕР И ЏИП: ИМА И ЗАГИНАТИ!

СТРАШНА НЕСРЕЌА ПОМЕЃУ ШЛЕПЕР И ЏИП: ИМА И ЗАГИНАТИ!
Kristal

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на обиколницата околу Белград, кај петљата Орловача, каде се судрија патничко и товарно возило.

Според неофицијални информации објавени од српски медиуми, несреќата се случила во 20:54 часот, а во судирот учествувале шлепер и џип. Според првичните податоци, едно лице го загубило животот.

На местото на настанот интервенирале противпожарни екипи од Кошутњак, Железник и Раковица, кои пристигнале во 21:16 часот. Тие затекнале две лица заробени во патничкото возило, кое претрпело сериозни оштетувања при ударот.

Само две минути подоцна, во 21:18 часот, едно лице било извлечено од уништеното возило во свесна состојба и веднаш им било предадено на екипите на Итната медицинска помош.

Засега нема официјални информации за состојбата на второто лице кое било заробено, ниту за точните околности под кои дошло до несреќата. Сообраќајот во овој дел од обиколницата бил отежнат, а полицијата извршила увид на местото на настанот.

Истрагата треба да ги утврди причините за судирот и одговорноста за трагичниот исход.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo